Приведени двајца Пакистанци кои организирале илегално преминување на македонско-грчката граница

пред 2 години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против М.А.(27) и А.Х.(20), двајцата од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Како што информираат од МВР, на 22 декември по преземени мерки на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во кумановското село Горно Којнаре, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 мигранти од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу мигрантите имало и тројца малолетници.

Исто така, при преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.

Во текот на денот Пакистанците ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека, останатите лица се сместени во прифатен центар.

Share
Scroll to Top