Синоќа во 22.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје.
За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување казна затвор од две години и шест месеци.
Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.