Приведено лице од Гостивар за доиздржување на казна затвор

пред 3 години

Вчера во 11.50 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„ЈНА“ во Гостивар го привеле Ј.Е. (31) од Гостивар, по издадена наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово.

Тој се барал за доиздржување на казна затвор во времетраење од 11 месеци. Ј.Е. е спроведен во КПУ Затвор во Куманово за доиздржување на затворската казна.

Share
Scroll to Top