Приведен дилер од Пробиштип

пред 5 години

Синоќа во 15.20 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Т.А.(22) од Пробиштип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, капсули, таблети и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top