55-годишен охриѓанец бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир на плажа на Охридско езеро.
Според полицијата вчера во СВР Охрид, приведен е З.Д.(55) од Охрид кој претходно, по нарушен јавен ред и мир на плажа на Охридското езеро, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени мерки.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.