Продолжува времената измена на режимот на сообраќај на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница

пред 4 години

АМСМ известува дека согласно Одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски се продолжува времената измена на режимот на сообраќај при изведба на грaдежни активности – рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

Времетраењето на времениот режим на сообраќај е до 15 Јули 2022 год. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top