Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег

пред 5 часа

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Текстот Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top