Грчката крајбрежна стража и спасувачки екипи и денеска ја продолжуваат потрагата по 28-годишниот Македонец кој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Посиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во саботата тројцата другари прославувале роденден, по што решиле да скокнат во морето да се разладат. Според изјавите на мештаните тие го избегнувале тоа место за капење поради лошите морски струи.
По само неколку минути, според изјавите на еден од спасените, тројцата веднаш биле однесени од морските струи во длабокото.
Притоа Васил Брезовски бил пронајден само неколку часа откако се изгубиле, а Иван 30-годишниот Иван поминал 19 часа во вода и според изјавите на спасувачите на површината од морето се одржувал со помош на топка која случајно ја нашол.
Во потрагата по исчезнатиот, според последните информации, учествуваат два патролни брода, седум чамци и еден хеликоптер. Потрага се спроведува и по брегот со неколку патролни возила и спасувачки екипи.