Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

пред 16 часа

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе и да им се приклучи на протестите.

„Марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома, оти утре не дај боже ќе ви се случи и вас истото. Да не кукате и вие како што ние кукаме и да одите по гробиштата“, рече таткото.

Тој ги повика кочанчани да не стравуваат ако им се врши притисок оти мнозинството секогаш победува. Ги повика и членовите на општинските комитети од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ  да им се придружат.

„Страшен е овој живот што го живееме сега, ни отидоа дечињата. Прашајте нѐ како живееме“, рече таткото.

Родителите како и претходните саботи маршираа низ градот, со слики од децата во рацете. Побараа одговорност од МВР, како и средба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Текстот Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top