Работна средба на Јавното обвинителство и ДКСК во пресрет на Локалните избори 2025

Работна средба на Јавното обвинителство и ДКСК во пресрет на Локалните избори 2025

пред 7 часа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами и јавните обвинители во ЈОРСМ Анита Тополова Исајловска и Елвин Вели денеска остварија средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата предводени од В.Д. претседателката на тоа телот Цвета Ристовска, а во насока на координација на активностите пред претстојните локални избори.

На средбата, државниот обвинител Коцевски ги информираше претставниците на ДКСК за составот, надлежностите и активностите на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

Покрај обвинителот Бајрами како претседател, Комисијата ја сочинуваат уште 5 члена, односно по еден јавен обвинител од сите виши јавни обвинителства, како и еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје како основно обвинителство кое покрива најголемо подрачје.

Од своја страна, претставниците на ДКСК информираа за нивните активности во однос на изборите, согласно законските надлежности на антикорупциската комисија.

Воедно, на средбата стана збор и за процесот на планирање на активностите кои треба да бидат опфатени во новата Национална стратегија за спречување на корупцијата, информираше Обвинителството.

Текстот Работна средба на Јавното обвинителство и ДКСК во пресрет на Локалните избори 2025 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top