Министерот за здравство, Венко Филипче, денес ќе го разреши гинекологот Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница Струга кому Државниот санитарен и здравствен инспекторат дома му откри дива ординација.
„Директорот ќе се разреши, а во текот на денов или утре ќе биде назначен нов директор“, рече министерот Филипче.
Тој извести дека за случајот на родилката од Дебар на која при породувањето во струшката болница ѝ беа извадени три органи формирал нова Комисија составена од директорите на Клиниките за гинекологија, урологија, КАРИЛ и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.