Ред Хот Чили Пеперс се враќаат на сцената со нова песна и албум

пред 3 години

По шест години, американскиот бенд Ред Хот Чили Пеперс објави нов сингл „Black Summer“ како најава за 12-тиот студиски албум „Unlimited Love“, чиешто излегување е најавено за 1 април и ќе биде прво со гитаристот Џон.

“Нашата единствена намера беше да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме. Поминавме денови, недели и месеци слушајќи се, слободно компонирајќи, свирејќи и аранжирајќи”, изјавија членовите на бендот.

Ред Хот Чили Пеперс рекоа дека се воодушевени од „звуците, ритмите, вибрациите, зборовите и мелодиите“ за време на снимањето, додека Фрусијанте нагласи дека новиот албум, продуциран од стариот соработник Рик Рубин, „ја одразува љубовта и вербата“ на членовите.

Share
Scroll to Top