Реконструкција на паркот „Бановина“ во Лисиче

Реконструкција на паркот „Бановина“ во Лисиче

пред 1 година

Општина Аеродром започна целосна реконструкција на паркот Бановина што се наоѓа во Лисиче.

Реконструкцијата на Бановина опфаќа целосна обнова на фонтаната, како на хидрауличниот систем, така и на нејзиниот надворешен изглед.

„Во нов сјај ќе блеснат и летниковците во паркот коишто претставуваат места за одмор во текот на целата година, а отсега ќе бидат надополнети со шаховски маси за заедничко дружење на сите генерации. За уште попријатен престој на жителите, паркот Бановина ќе добие и ново хортикултурно уредување“, соопштија од Општината.

Целосно нови елементи се поставуваат и во детското катче, а заменети ќе бидат и клупите и кантите за отпадоци кои се веќе дотраеини и нефункционални.

Во наредниот период ќе се уреди и црквата што се наоѓа во рамките на паркот, која исто така ќе биде осветена и ставена во функција за верниците.

Општина Аеродром најавува дека во периодот што следува ќе ги реконструира сите паркови.

Текстот Реконструкција на паркот „Бановина“ во Лисиче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top