Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу ресорниот министер Оливер Спасовски и рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин.
Како што информираат од МВР, на средбата се разговарало за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и за подготвеноста од руска страна за потпишување на Договор за преземање на лица со незаконски престој, што во иднина би претставувало законска рамка за борбата против илегалната миграција.