Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

пред 3 години

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,  Вилма Русковска смета дека случајот со свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот велешки фризер Панче Жежовски, не смее да добие политичка конотација.

„Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете“, изјави Русковска денеска (8 декември) по настанот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Таа додава и дека истрагата допрва треба да утврди која е вистинската заднина на случајот, а очекува и дека тоа во предвид ќе го имаат турските власти кои трба да го екстрадираат првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо кој беше уапсен на 5 декември кај градот Баликесир.

 

Текстот Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top