Саем на книга во арена Борис Трајковски од 3 до 9 мај

пред 3 години

34. издание на Саемот на книга се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување. Оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај, во Арена Борис Трајковски, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа  културна манифестација.

Сите значајни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Учество најавија и издавачки куќи од регионот.

Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.

Share
Scroll to Top