Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8 до 14 септември, во A1 Арена, С.Ц Борис Трајковски. Саемот е поддржан од Министерството за култура.
Саемот на книга и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.
Организаторите најавуваат дека за време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани, за кои посетителите и изложувачите ќе бидат навремено информирани.
И покрај ограничувањата кои се воведени поради пандемијата, се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители.
Под мотото „Безбедни саеми“, Саемот на книга е првата саемска манифестација за годинава, а по него следи и Саем за мебел.