Своето право на глас денеска го остварија 6.710 гласачи

пред 5 години

Денеска, на ден пред изборите, своето право на глас можеа да го остварат вкупно 7.645 гласачи. Од нив, гласаа 6.710, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

„На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го оствариле 943 гласачи.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас од запишани 266 го остварија вкупно 212 гласачи.

Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5.588, гласаа 5.287 граѓани.

Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради Ковид-19, пријавени биле 376, а гласаа 268 лица“, се наведува во соопштението на ДИК во кое се додава дека според информациите добини од општинските изборни комисии, денешното гласање минало без проблеми.

Share
Scroll to Top