СДСМ: Власта знаела за водата; ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот датира од времето кога Филипче бил министер

СДСМ: Власта знаела за водата; ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот датира од времето кога Филипче бил министер

пред 4 часа

СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски со својата неодамнешна изјава признал дека водата за пиење во Гостивар повеќе од две години не била бактериолошки исправна, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека проблемот постоел уште за време на владеењето на СДС и дека тоа го потврдуваат официјални анализи.

Од СДСМ се повикаа на изјавата на Мицкоски дека „за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна“, оценувајќи дека со тоа признал оти граѓаните со години користеле неисправна вода. Од партијата посочуваат дека водата сѐ уште не е официјално прогласена за безбедна за пиење и бараат одговорност, како и објавување на документацијата поврзана со квалитетот на водата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, му возвратија на лидерот на СДСМ Венко Филипче, наведувајќи дека проблемот со квалитетот на водата во Гостивар е евидентиран уште додека тој бил министер за здравство.

Според партијата, микробиолошки анализи од 2020, 2021, 2022 и 2023 година покажувале дека водата во повеќе наврати не ги исполнувала законските критериуми за безбедност поради присуство на бактерии, но, како што тврдат, тогашните институции не презеле соодветни мерки.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека сегашниот проблем е последица на повеќегодишна негрижа на тогашната централна и локална власт и побараа Филипче да одговори зошто, според нив, не биле преземени мерки кога биле констатирани неправилностите.

Текстот СДСМ: Власта знаела за водата; ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот датира од времето кога Филипче бил министер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top