Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ и ништо повеќе, велат од СДСМ.
„Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад. Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните. ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – уставни измени, внесување на малцинствата во Уставот. Сè друго беше лага и одвлекување на вниманието“, велат од СДСМ.
Од опозицијата повторно побараа од власта да распише референдум.
„Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат европска иднина или изолација и криминал. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега“, велат од СДСМ.
Текстот СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните е превземен од МАКФАКС.




