Нема граница лицемерието на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачката СДСМ.
„ До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.
Токму заради таквиот однос граѓаните не и веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски, токму заради таквиот однос ВМРО-ДПМНЕ шест пати е казнувана на избори и токму заради таквиот однос уште долго ќе биде во опозиција“ велат од партијата.