„Водачот на организираната криминслна група, Христијан Мицкоски денеска изјави дека растот на платите под неговата Влада е 3 до 4 пати поголем отколку во времето на претходната Влада на СДСМ. Ова е уште една во низата лаги на Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Фактите се следни:
Во времето на СДСМ, минималната плата беше зголемена од 8.000 на над 22.000 денари – скоро тројно. Просечната плата беше речиси двојно зголемена, од околу 22.000 на над 42.000 денари.
Платите во образованието, здравството, полицијата и армијата беа значително зголемени преку колективни договори.
Под Владата на Мицкоски, минималната плата не е зголемена со политичка одлука. Направено е само законско усогласување од 1.667 денари нето (од 24.379 на 26.046 денари). Ова е автоматско зголемување кое го предвидува законот, а не резултат на некаква економска политика.
Во исто време, цените отидоа до плафон, затоа што Мицкоски не ги примени мерките што ги предложи СДСМ.
Инфлацијата ги изеде платите. Реалната куповна моќ на граѓаните е помала отколку што покажуваат голите бројки за номинален раст.
Мицкоски лаже кога вели дека платите растат 3-4 пати повеќе, како што лаже за сè. Мицкоски одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра, иако тоа го бараат синдикатите.
Наместо реално зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, граѓаните добиваат пропаганда и лаги. Ова е неуспех на Мицкоски. Загрижени сме дека Мицкоски верува во своите лаги“, соопшти СДСМ.
Текстот СДСМ: Не растат платите 3–4 пати побрзо, загрижувачко е што Мицкоски верува во своите лаги е превземен од МАКФАКС.





