Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави дека имал средба со генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа и дека ја добил неговата поддршка во вториот изборен круг.
„ Денес имав одлична средба со Арјанит Хоџа, генералниот секретар на БЕСА со кој разменивме мислења за состојбите во главниот град. Драго ми е што тој и неговата партија го препознаваат напредокот што Скопје го направи во изминатите четири години и ми даваат поддршка во вториот круг. Обединувањето расте и нашиот блок постојано се окрупнува. Одиме заедно на победа, победа за еднаков град за сите“, вели Шилегов за средбата со ГенСек на Беса.
„ Скопје за четири години целосно се промени, од град каде владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура. Во следните четири години продолжуваме обединето за подобро, модерно и европско Скопје“. истакнува Шилегов.