СДСМ: Поминаа 2 години ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт

СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100% а на полицајците за 35%

пред 11 месеци

„Со успешните економски политики на СДСМ растат платите во сите сектори, работниците добиваат повеќе. СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари, односно 630 евра, што е за 270 евра во однос на 2016 година и времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 360 евра.СДСМ ги покачи платите во сите сектори, велат од СДСМ.

„За над 100 проценти се зголемени месечните приходи за војниците. Во одбраната, професионален војник во време на ДПМНЕ во 2016 година примал 21.933 денари плата. Со СДСМ, во 2022 година месечните приходи на војниците значително се зголемуваат, особено со законското решение на исплата на месечна станарина за сите – и изнесуваат над 36.000 денари! Од 2023 година, професионален војник добива уште поголем месечен приход, вкупно 45.979 денари, односно плата од 35.015 денари, плус скоро 11.000 денари за станарина. Значи 22.000 денари во време на ДПМНЕ и 46.000 денари во време на СДСМ, има разлика тоа се 110% зголемување“, додаваат од СДСМ.

Како што истакнуваат, платите на НАТО единицата во 2023 се скоро 54.000 денари за професионален војник, и повеќе за повисоките чинови.

„За вработените во МВР, СДСМ ги зголеми платите за 35 проценти. Дополнително исплатени се 6 бонус плати за одработени прекувремени работни часови. Од 2020 година наваму, има воспоставено редовната исплата на бонус плати за над 150 одработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Сите бонус плати навремено се исплаќаат, за разлика од времето на ДПМНЕ, до 2016 кога вработените ги наплаќаа по судски пат, што беше и малтретирање на вработените во полицијата и значеше оштетувања на државниот Буџет. Со СДСМ продолжува растот на платите во сите сектори. Со СДСМ има повеќе за сите“, завршуваат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100% а на полицајците за 35% е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top