СДСМ: Од сонцето, ветерот и отпадот ќе правиме струја, тоа е нашата зелена агенда

пред 3 години

Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно место за живеење, велат од вадејачката партија.

Од таму додаваат дека силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваат на дело.

„Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици.

Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздухот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ“, се наведува во соопштението.

Во него се потенцира и дека ќе продолжи набавката на еколошки јавен превоз за дополнително намалување на аерозагадувањето во градските средини.

„Градиме пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата на нашата земја. Ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади. Дополнително, продолжуваме и со инвестициите во алтернативни извори на енергија, во поставувањето фотоволтаици на покривите на јавни објекти. Ќе започне и изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија и трајно ќе се решаваат децениските проблеми на депонии и незаконско расфрлање на ѓубре и смет“, нагласуваат од СДСМ.

Share
Scroll to Top