СДСМ: Сите солидарно против пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неосновано критикуваат

пред 3 години

Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош, велат од владејачката СДСМ за ситуацијата со пожарите.

Според СДСМ, само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, и како што потенцираат од партијата, шират невистини и напразно и неосновано критикуваат.

„Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја како да делува, нема што да им понуди на граѓаните. Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема. Надлежните институции будно ја следат состојбата и делуваат. Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!“, нагласуваат од СДСМ.

Share
Scroll to Top