СДСМ: Срамoта е што Арсовска не се појави на доделувањето на наградите „13 Ноември“

пред 3 години

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“, реагираат од СДСМ.

Според партијата, срамно неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје.

„Заради политиканство Арсовска не ги испочитува бројните доктори, професори, уметници кои се добитници на овогодишената награда. Никогаш досега во историјата на Град Скопје не се случило градоначалникот да не присуствува на доделувањето на 13-ноемвриските награди. Постапката на Арсовска е опасен преседан“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава и дека уште во првите денови од мандатот, скопјани сведочат за, како што се вели, арогантноста и неодговорноста на Арсовска.

Share
Scroll to Top