„СДС е единствената опозициска партија во историјата на политиката која не бара избори бидејќи е свесна дека ќе ги изгуби“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е единствената опозициска партија во историјата на политиката која не бара избори бидејќи е свесна дека ќе ги изгуби“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 часа

„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

„СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. Нашата цел се редовни избори во 2028 година, но доколку опозицијата побара, нема да се колебаме, ќе распишеме предвремени избори веднаш и ќе ги победиме како никогаш порано“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „СДС е единствената опозициска партија во историјата на политиката која не бара избори бидејќи е свесна дека ќе ги изгуби“, реагира ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top