„СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен како што тие знаеја да направат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен како што тие знаеја да направат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 часа

„СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.

Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен како што тие знаеја да направат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top