Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 години

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања.

„Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете.

СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат освен лаги и навреди.

Народот јасно им кажа не и тие никако да се освестат, туку и понатаму тонат.

И покрај нивните лаги и навреди, државните институции докажаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски постапува согласно начелата на чесност и транспарентност“, посочуваат од партијата на власт.

Додаваат дека како што за ова излезе вистината на виделина, тоа ќе се случи и за многу друг случаи поврзани со СДС.

СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе види што е владеење на право и правда, што значи да се применува начелото на транспарентност.

Текстот СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top