(Фото) Утре масовни протести за смртта на Фросина, точно напладне во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите, утре ќе се приклучи на протестот

пред 1 година

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина најави дека утрешниот протестен марш е со јасни барања до надлежните институции.

Семејството ја повикува Владата да продолжи со поддршката и да ги сослуша барањата што ќе произлезат на протестите, а пратениците активно да се вклучат во промената на законите. Ќе се протестира и пред Апелација со порака до чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив.

Во прилог повикот за протестот:

„16.30ч пред Универзална Сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

17.00ч пред Влада ( извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.
Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

17.45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен“.

Фросина Кулакова загина во сообраќајка на пешачки премин на „Партизанска“, кога во неа удри автомобил управуван од 20-годишниот Васил Јованов. Возилото го управувал пијан, без возачка дозвола и без да застане на црвено светло.

Текстот Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите, утре ќе се приклучи на протестот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top