Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

пред 1 година

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.

Според првичните информации, првин се запалил оџакот, а од него и покриовот на домот.

Сите 30 станари во доморт се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат сместени во Општата болница во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарот го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 8 полицајци.

Текстот Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top