Се состана Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам

пред 3 години

Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам денеска ја одржа првата седница на новиот состав со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски.

На седницата, покрај другите членови на комитетот, присуствуваа и заменикот на националниот координатор за спречување  насилен екстремизам, Џеладин Ајвази, и заменикот на националниот координатор за борба против тероризам, Златко Арсов, беа презентирани досегашните активности, како и приоритетите во работата на членовите на комитетот во тековниот мандат.

На седницата беше констатирано дека успешното остварување на задачите на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, како и досега, се остваруваат во конструктивна соработка помеѓу државните институции и другите општествени чинители, невладиниот сектор и меѓународните организации кои се постојани партнери на ова тело на полето на спречувањето насилен екстремизам и борба против тероризам.

Националниот комитет за спречување  насилен екстремизам и борба против тероризам е формиран во 2017 година како координативно тело, за следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борбата против тероризам и за координирање на активностите на надлежните институции кои работат на решавање на проблемите во оваа област. Во комитетот членуваат претставници од дваесет и две институции на Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top