Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска

пред 8 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.

Утре, 24 март, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, додека во Градскиот парк Бундек ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.

Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб и ќе оствари средба со преставници на македонската заедница во Хрватска. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.

Во рамки на официјалната посета, во среда, 25 март, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“.

Текстот Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top