Скопјанец загина во сообраќајка кај клучката Хиподром

пред 4 години

Триесет и едногодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката Хиподром.

Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога Д.Ѓ. со автомобилот „фиат фиорино“ излетал од патот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Share
Scroll to Top