Скопјанец пукал со автоматски пиштол на улица

пред 7 месеци

Дваесет и четиригодишен скопјанец пукал со автоматско оружје кон едно лице, а оштетил три паркирани автомобили.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи .

Осомничениот 24 – годишник, неовластено поседувал автоматски пиштол „Шкорпион“, огнено оружје кое на граѓаните им е забрането.

На 02 ноември, на улица „Цветан Димов“ во Скопје тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, притоа оштетувајќи три паркирани моторни возила.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Share

KissAnime kissanime taken down: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 3

GoGoAnime seven deadly sins gogoanime: Attack on Titan (Dub) Episode 25

Scroll to Top