Скопјани со најголеми, а крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава, според Центарот за граѓански комуникации

Скопјани со најголеми, а крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава, според Центарот за граѓански комуникации

пред 10 месеци

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава.

Истражувањето покажа дека највисоки можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево.

„Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево. Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка“, се наведува во нивното истражување.

Истражувањето, кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети што им стојат на располагање на жителите на овие региони како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња.

Текстот Скопјани со најголеми, а крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава, според Центарот за граѓански комуникации е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top