Скопјанка и ја украла личната карта на охриѓанка и си подигнала кредит

пред 3 години

24-годишна скопјанка се сомничи за злоупотреба на лични податоци откако без одобрение земала лична карта од охриѓанка и подигнала кредит, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, велат надлежните.

Пријавената, на 10.06.2019, без одобрение на оштетената Т.М. од Охрид, ја земала нејзината лична карта и ги злоупотребила нејзините лични податоци за подигање на кредит од финансиско друштво во износ од 80.000 денари.

Share
Scroll to Top