Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

пред 5 часа

Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој се обрати на Европското првенство во танц што се одржува во Скопје, а на кое учествуваат повеќе од 2.900 танчери од 26 европски земји.

„На сите учесници им посакав топло добредојде во Скопје, градот кој овие денови живее во ритамот на младоста, енергијата, талентот и пријателството. Скопје денес е голема европска сцена на која се среќаваат култури, се создаваат нови пријателства и се споделува една заедничка страст, љубовта кон танцот. Танцот е јазик кој не познава граници. Во него се спојуваат талентот, дисциплината, емоцијата и посветеноста. На сите натпреварувачи им посакувам успешни настапи, многу среќа и од Скопје да понесат прекрасни спомени и желба повторно да ни се вратат“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој најави дека следната година Скопје ќе биде домаќин и на Светското првенство во танц, што, според него е големо признание за нашиот град и потврда дека Скопје има капацитет, енергија и амбиција да биде домаќин на најголемите меѓународни настани.

Текстот Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top