Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст

Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст

пред 5 часа

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

Текстот Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top