Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степенi.
Времето во наредниот период
Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, a во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени.
Текстот Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура е превземен од МАКФАКС.




