Сончево време со температура до 10 степени

пред 11 месеци

Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Текстот Сончево време со температура до 10 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top