Сочувство од ЕУ за автобуската несреќа

пред 3 години

Првите луѓе на Европската Унија изразија сочувство по повод несреќата со македонскиот автобус во Бугарија, во која загинаа 46 лица.

Изразувам длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите во трагичната автобуска несреќа што се случи во текот на ноќта во Бугарија. Ова на Твитер го напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„И јас посакувам брзо закрепнување на повредените. Во овие страшни времиња, Европа ја изразува својата солидарност со вас“, напиша шефицата на ЕК.

„Ужасно дознаваме дека најмалку 45 лица, од кои дванаесет деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија ноќеска. Изразуваме искрено сочувство и посакуваме сила на нивните семејства и пријатели. Нашите мисли се со Бугарија и Северна Македонија на овој трагичен ден“, објави претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, порача дека ЕУ е подготвена да испрати помош.

„Нашите мисли се со жртвите на ужасната несреќа во Бугарија, нивните семејства и сите работници во првите редови“, напиша Мишел на Твитер.

Мисијата на Северна Македонија при ЕУ и македонската Амбасада во Белгија, го спуштија знамето на половина копје.

Share
Scroll to Top