Две лица се тешко повредени откако со автомобил паднале на железничката пруга Криволак-Неготино.
„ На 28.12.2020 околу 03,30 часот во близина на село Пепелиште, А.И.(49) од село Муртино, струмичко управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на железничката пруга Криволак – Неготино. По незгодата на возачот А.И. и сопатникот М.И.(23) од село Муртино, струмичко, во Општа болница Кавадарци, им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот“ соопшти МВР.