Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

пред 7 часа

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.

Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

 

Текстот Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top