Со 230 нови садници кај Белчишкото Блато: Ученици и пожарникари заедно градат природна заштита од пожари

Со 230 нови садници кај Белчишкото Блато: Ученици и пожарникари заедно градат природна заштита од пожари

пред 4 часа

Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид успешно реализираше теренска активност во рамки на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“, насочена кон превенција од пожари и заштита на природните вредности во периферните зони на Белчишкото Блато.

Во активноста учествуваа ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници од локалната самоуправа на Општина Дебрца, противпожарните служби од Дебрца и граѓански организации, кои преку практична работа на терен придонесоа кон создавање еколошки противпожарни појаси како мерка за намалување на ризикот од пределски пожари.

Во рамки на акцијата беа засадени вкупно 230 садници од нативни и еколошки соодветни видови, меѓу кои грмушкаст даб, малешка вишна, вишна, глог, црвен дрен, леска и дива ружа. Овие видови се избрани поради нивната адаптираност на локалните услови и потенцијалот да придонесат за стабилизација на почвата, подобрување на биодиверзитетот и намалување на ширењето на пожарите.

Активноста има и силна образовна компонента, овозможувајќи им на младите директно да се вклучат во заштита на животната средина и да стекнат практични знаења за одговорно управување со природните ресурси.

Проектот се реализира од Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид, во рамки на програмата поддржана од Swiss Agency for Development and Cooperation и Landscape Fire Management – Western Balkans, имплементирана од Farmahem.

Со оваа активност се испраќа јасна порака дека превенцијата, едукацијата и заедничката работа на локалната заедница се клучни за долгорочна заштита на природното наследство и градење отпорност кон климатските и пожарните ризици.

Текстот Со 230 нови садници кај Белчишкото Блато: Ученици и пожарникари заедно градат природна заштита од пожари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top