Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Спасовски за случајот со двојното убиство: Од аспект на МВР е целосно расчистен, доколку истрагата се прошири, МВР ќе постапи

пред 1 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со двојното убиство, рече дека МВР целосно го има расчистено случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството“, истакна Спасовски.

Министерот дециден дека случајот е комплетиран од страна на Министерството, но доколку се процени истрагата да се прошири и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителството, во тој случај, како што рече Спасовски, МВР е тука да постапува.

Текстот Спасовски за случајот со двојното убиство: Од аспект на МВР е целосно расчистен, доколку истрагата се прошири, МВР ќе постапи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top