Спасовски – Терзијски: Одлична соработка меѓу полициите на Северна Македонија и Бугарија

пред 8 месеци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Скопје имаше работна средба со министерот за внатрешни работи на Бугарија, Христо Терзијски. На средбата, примарно фокусирана на утрешниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од иницијативата „Берлински процес“, како и претставници на ЕУ, чиј домаќин е Република Северна Македонија, односно сопретседавачи се министрите Спасовски и Терзијски, се разговараше на повеќе теми од заеднички интерес во областа на безбедноста.

Од МВР наведуваат дека за првпат во историјата на претседавањето со Берлинскиот процес, годинава имаме заедничко сопретседавање на земја членка на Европската Унија и на земја од регионот од Западен Балкан, што се перцепира како симбол за преземање на поголемо сопствеништво врз процесот од страна на регионот. Инаку, Берлинскиот процес, промовиран во 2014 како иницијатива на германската влада, е единствен процес на највисоко политичко ниво кој исклучиво се фокусира на шесте земји од Западниот Балкан, кои не се членки на Европската Унија и претставува поттик во подготвувањето на овие земји за идното членство во ЕУ, преку справување со некои од клучните структурни проблеми во регионот.

Министерот Спасовски, нагласувајќи ја досегашната одлична соработка меѓу двете министерства и полициските служби на сите нивоа, особено во делот на граничното работење, посочи дека Заедничкиот контакт центар што повеќе години наназад функционира одлично меѓу граничните, но и царинските служби на двете земји претставува извонреден позитивен пример за партнерство. Овој контакт центар продолжи да функционира и во времето на пандемијата на Ковид-19.

„Размената на информации, покрај преку Заедничкиот контакт центар, редовно се врши и преку веќе воспоставените канали за размена на информации како што се Европол, Интерпол, а истата е овозможена и преку членување во меѓународните организации, иницијативи…“, рече министерот Спасовски.

Министерот Терзијски потенцира дека соработката меѓу двете министерства за внатрешни работи е на многу добро ниво. Тој даде висока оцена за заедничкото работење во областа на гранично-полициското работење, како и борбата со трансорганизираниот криминал и корупцијата. Изрази подготвеност за продлабочување на соработката на сите професионални нивоа и уште поактивно дејствување во сите области од взаемен интерес. Министерот Терзијски изрази увереност дека утрешната средба на министрите за внатрешни работи во рамките на Берлинскиот процес ќе биде конструктивна и успешна и ќе го потенцира засилениот ангажман за безбедност во регионот на Западен Балкан.

Share

GoGoAnime classroom of the elite gogoanime: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 47 (https://gogoanime.be/m/0zQG/ep-47)

ANIMEFLIX animeflix plunderer: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 10

Scroll to Top