Срдеба Османи-Кимо Лахдевирта: Разменети мислења за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји

пред 2 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари средба со амбасадорот на Република Финска во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.

Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и разменија мислења за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји, европската перспектива на Северна Македонија, како и за актуелните меѓународни прашања во новата геополитичка реалност.

Двајцата соговорници посветија особено внимание на руската инвазија на Украина, која претставува грубо кршење на меѓународното право и закана за европскиот безбедносен поредок, и го реафирмираа повикот за итно повлекување на руските воени сили од Украина и интензивирање на преговорите за постигнување на мирно решение.

Share
Scroll to Top