Во рамки на посетата на Тирана, министерот за економија Крешник Бектеши се сретна и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На средбата Бектеши и Кумбаро разговараа за важноста на соработката во областа на туризмот меѓу двете земји, која од година во година е се поголема.
“Бројот на туристи од Албанија кои ја посетиле Република Македонија во 2021 година во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 67%. Нашите две земји се посветени на унапредување на меѓусебната соработка во областа на туризмот„ истакна Бектеши.
Двајцата оценија дека треба да се интензивира размената на кадри од туристичката економија, за да се зголеми бројот на туристи од Албанија во Северна Македонија и обратно.
„Потребно подобро запознавање со туристичките потенцијали на двете земји, а потребно е да се интензивира размената на кадри од туристичкото стопанство, размена на експерти, одржување на семинари, зголемување на пропагандните активности со промовирање на нашата туристичка понуда, размена на претставници од средствата за јавно информирање, размена на видео записи за убавините и туристичките можности на двете земји, преку учество на симпозиуми, семинари и други туристички пропагандни и научни манифестации од оваа област. Се надеваме дека и ова година, туристичка сезона ќе биде успешна за двете земји„ нагласи Бектеши.
Утре Бектеши ќе учествува на Економскиот форум во Тирана, во панелот – “Енергетската политика во Албанија-Постигнување на енергетска независност и издржливост во меѓународната енергетска криза”.